Украина ја продолжи контраофанзивата на исток, Русија бомбардира без престан (ВИДЕО)

Украина го продолжи напредокот на исток на територијата претходно окупирана од Русија, подготвувајќи се на тој начин за можен напад на руските сили во регионот Донбас.

Фото: ЕПА

Во исто време, Киев бара уште повеќе испораки на оружје од Запад.

„Окупаторите очигледно се во паника“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека фокусот сега е на брзо освојување на окупираните територии и воспоставување нормален живот.

Украинските сили презедоа целосна контрола врз селото Билохоривка и се подготвуваат да го вратат целиот регион Луганск на истокот на земјата.

Украинските сили првпат почнаа контраофанзива овој месец во регионот Харков. Во регионот Херсон на југ, украинската војска постигна мал напредок и потопи руски товарен брод што превезувал војници и опрема преку реката во близина на Нова Каховка.

Во понеделникот руските сили извршиле 81 напад врз објекти на територијата на Украина, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Во нападите, инфраструктурата била оштетена во повеќе од 33 населени места, меѓу другите, во Славгород, Краматорск, Бахмут, Мајорск, Соледар, Новопоље, Запорожје, Миколаив и Белогорск.

Руските сили извршиле гранатирање во правец на Северск, Краматорск и Бахмут, додаваат од украинскиот Генералштаб. Исто така, според украински извори, руските сили истрелале повеќе од 100 гранати во областа Никопол, потоа во катна зграда во Бахмут, во областа Доњецк, а се урнале три влеза во една зграда.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе