Украина има план за рускиот гас за Европа

Украина зад кулисите ги наговара западните сојузници рускиот гас во Европа да пристигнува преку нејзините гасоводи, а не по рускиот Северен тек 1, за да обезбеди поголемо влијание во конфликтот со Русија, изјавиле за Ројтерс функционери за енергетика.

EPA-EFE

Тоа, како што кажале, би ја присилило Русија да транспортира повеќе гас во Европа преку гасоводите низ Украина.

Москва во тој случај би морала да плаќа повеќе транзитен надомест, што на Украина би ѝ помогнало во одбраната, а на Русија би ја одвратило од оштетување на гасоводите, им кажале експертите минатата недела на пратениците во Конгресот и на функционери на владата на американскиот претседател Џо Бајден во Вашингтон.

Претставниците на украинскиот оператор на гасоводите и гасната компанија Нафтогаз минале една недела во Вашингтон, наговарајќи ги функционерите и пратениците во Конгресот од Германија и другите европски сојузници да изнудат одобрување на тој план.

„На Русија сме ѝ важни поради транспортот на гас во Европа, тоа мораме да го искористиме во нашите преговори со нив, а Европа може да помогне“, кажала Олга Белкова, директорка за меѓународни работи на операторот на украинскиот систем за транзит на гас во Вашингтон.

Белата куќа и германското министерство за економија одбиле да ги коментираат овие информации. Германија вчера кажа дека до крајот на годината ќе престане да увезува руска нафта, и дека потоа на ред е гасот, но не прецизираше кога.

Берлин поради руската инвазија на Украина веќе го сопре Северен тек 2, кој требаше тројно да ги зголеми испораките на руски гас во Германија. Проектот вреден 11 милијарди долари беше завршен на крајот на минатата година, но не почна со работа.

Пренасочувањето на испораките од гасоводот Северен тек 1 „тешко ќе помине“ во Германија и остатокот од Европа, сметаат аналитичарите.

„Таквиот потег нема воопшто да ја подобри безбедноста на европското снабдување“, изјави поранешниот специјален претставник на американското министерство за надворешни работи Дејвид Голдвин.

Кристијан Егенхофер од Центарот за европски политички студии со седиште во Брисел предупреди дека Европската Унија со тоа би ги прекршила договорите за снабдување склучени со Русија.

Русија во моментов на Германија преку Северен тек 1 ѝ испорачува 55 милијарди кубни метри природен гас годишно. На Европа ѝ доставува уште 40 милијарди кубни метри преку Украина и му плаќа на Киев транзитен надомест во долари.

Советникот на украински Нафтогаз Даниел Вајдич кажал дека префрлањето на руските испораки на гас од Северен тек 1 на украинскиот систем „би му обезбедило на Киев поголемо влијание на Москва и би му покажало на Кремљ дека Европа ја врзува својата безбедност со безбедноста на Украина“.

Украинските претставници предложиле 40 отсто од гасот од Северен тек 1 веднаш да се пренасочи низ украинските гасоводи, а остатокот до април следната година. Тоа на државите од ЕУ би им дало време за создавање на резерви за зимата и за диверзификација на набавките.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Римскиот политичар и филозоф, Марк Тулиј Цицерон, во I век пред н.е. укажал дека „кога немате основа за аргумент, злоставувајте го тој што ве обвинува“.

повеќе

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе