Украина има нов премиер, го именуваше парламентот на барање на претседателот

На барање на претседателот Володимир Зеленски украинскиот парламент ја потврди денес оставката на премиерот Олексиј Гончарук и на негово место го именуваше Денис Шмигал, кој досега беше еден до вицепремиерите.

Зеленски побара оставка од Гончарук незадоволен од неговите економски и општествени резултати по шест месеци работи. Вкупно 353 пратеници гласаа за одлуката, а беа потребни 226. Заменикот на Гончарук Дениш Шмигал сега ќе ја предводи владата.

„Да бидеме објективни, таа влада оствари напредок, но на Украинците тоа не им е доволно“, им кажа Зеленски на пратениците пред гласањето и ги спомна бројните општествени проблеми кои не се решени.

„Речиси 10 милиони наши сограѓани живеат на раб на сиромаштија и повеќе од 11 милиони пензионери имаат пензии од околу 70 евра месечно“, истакна Зеленски. Тој ги критикуваше и безбедносните сили и ги обвини за неефикасност.

„На украинското општество му беше ветена победа над корупцијата. Ако прозападната украинска политика остане непроменета, грешките мора да бидат исправени“, истакна претседателот.

Гончарук, кој со 35 години стана најмладиот премиер во историјата на Украина, беше едно од новите лица кои Зеленски вети да ги доведе во политиката како замена за старите корумпирани и неефикасни елити.

Ќе го замени 45-годишниот Шмигал кој пред еден месец беше именуван за вицепремиер.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе