Украина и САД почнуваат голема воена вежба во Црно Море, Русија веднаш реагираше (ВИДЕО)

Украина и САД почнуваат воена вежба во Црното Море и на југот на Украина, во која ќе учествуваат повеќе од 30 земји, и покрај руските повици вежбата да се откаже.

EPA-EFE

Морско ветре 2021 следи по засилените тензии меѓу НАТО и Москва, која минатата недела соопшти дека испукала предупредувачки истрели во близина на британски воен брод за да го избрка од руските територијални води во Црното Море покрај брегот на Крим.

Британија ја отфрли руската верзија на инцидентот.

Руската амбасада во Вашингтон минатата недела повика да се откаже вежбата, а руското министерство за одбрана кажа дека ќе реагира доколку биде потребно да ја штити сопствената национална безбедност.

Вежбата Морско ветре 2021 ќе трае околу две недели и во нив ќе учествуваат околу 5.000 војници на НАТО и други сојузнички земји и околу 30 бродови и 40 авиони. Ќе учествува и американскиот ракетен разурнувач УСС Рос и американски маринци.

Украина вели дека главната цел е да се стекне искуство во заеднички акции за време на мултинационални операции на одржување на мирот и безбедносните операции.

Односите на Киев и Москва се на многу ниско ниво откако Русија во 2014 го анектираше полуостровот Крим, како и поради руската поддршка на сепаратистичките бунтовници на истокот на Украина.

Тензиите повторно пораснаа годинава кога Русија распореди голем број трупи на границата со Украина, во рамки на воена вежба, а дел од војниците останаа таму со воената опрема и по завршувањето на вежбата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе