Украина и Полска се здружија против Северен тек 2

Украина и Полска се договорија да преземат заеднички чекори за да ја спречат реализацијата на рускиот гасовод Северен тек 2, пренесуваат руските агенции повикувајќи се на соопштение на украинското министерство за надворешни работи.

EPA-EFE

Според украинското министерство, за време на посетата на шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба на Варшава, двете страни дискутирале за соработката во енергетскиот сектор и важната улога која тие две земји ја имаат во осигурувањето на енергетската безбедност на Европа.

Министерството истакна и дека двете држави планираат и понатаму да го развиваат трилатералниот меморандум меѓу Украина, Полска и САД за соработка во енергетскиот сектор со цел диверзификација на изворите на енергија.

Претставниците на Полска и Украина особено истакнале дека рускиот проект Северен тек 2 претставува закан за безбедноста на Европа во енергетскиот сектор и се договорија да ја спречат неговата реализација.

Проектот Северен тек 2 подразбира изградба на два крака на гасоводот, чиј вкупен капацитет ќе изнесува 55 милијарди кубни метри гас годишно, од брегот на Русија, преку Балтичкото Море, до Германија. Новиот гасовод ги заобиколува и Украина и Полска како транзитни земји.

Американскиот Стејт департмент ги вклучи Северен тек 2 и Турски тек во проектите на кои можат да им бидат воведени санкции.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе