Украина го суспендира учеството во Советот на Европа поради враќањето на Русија

Украинските власти објавија дека планираат да го суспендираат своето учество во работата на Парламентарното собрание на ЕК по одлуката да ѝ се дозволи враќање на Русија во ова тело.

„Украинската делегација одлучи да го суспендира учеството во работата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, освен за прашања поврзани со суспензија на правата на руската делегација“, рече денеска шефот на украинската делегација, Володимир Ариев.

Според него, делегацијата ќе побара за тоа прашање да се дискутира во украинскиот парламент и да се изјаснат шефот на државата и шефот на дипломатијата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска рече дека е „разочаран“ од одлуката за враќање на Русија, додавајќи дека за тоа неодамна разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел и со францускиот претседател Емануел Макрон.

„Штета што европските партнери не нѐ послушаа, туку реагираа поинаку“, напиша Зеленски на Фејсбук.

Парламентарното собрание на Советот на Европа одлучи да ѝ дозволи Русија да се врати во телото, со што ќе заврши петгодишната криза во односите со Москва.

Така, Русија веќе утре ќе може да учествува во изборот на генералниот секретар на Советот на Европа.

Откако Русија го анектираше Крим во 2014 година, руските претставници во Парламентарното собрание беа лишени од правото на глас. Москва прво одговори со бојкот, а потоа, од 2017 година, и со престанок на плаќањето на годишниот придонес во буџетот на Советот на Европа.

Во обид да се осигури дека нема да има нови санкции, Москва се закани и дека ќе се повлече од Советот на Европа, што би било прв таков случај во историјата. Покрај тоа, руските граѓани во тој случај повеќе нема да можат да се обраќаат до Европскиот суд за човекови права, судскиот разгранок на Советот на Европа.

Таквата екстремна можност повеќето земји сакаа да ја избегнат, иако некои, како Украина, балтичките земји и Велика Британија, сметаат дека отворањето врата за Русија е првата пукнатина во западните санкции кон Москва воведени по припојувањето на Крим.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе