Во првата реакција на некој висок украински функционер на видеоповикот во вторникот меѓу Бајден и Путин, Кулеба ги поздрави напорите на Вашингтон да ја доведе Русија на преговарачка маса.
Но тој додаде дека приоритет е да се изработи нацрт-пакет за да се одврати Москва од каква било понатамошна воена ескалација.
„Самиот контакт служи за одвраќање и деескалација“, рече Кулеба за повикот во вторникот. „Го цениме клучниот дипломатски ангажман на САД во нивните напори да ја вратат Русија на преговарачка маса.“
Бајден во вторникот го предупреди Путин дека Западот ќе ѝ воведе „силни економски и други мерки“ на Русија доколку Русија започне нова офанзива против Украина, додека Путин бараше гаранции дека НАТО нема да продолжи да се шири понатаму на исток.