Украина го одложи повлекувањето од регионот Донецк заради непочитување на примирјето

Украина денеска најави одложување на новото повлекување на трупите од линијата на фронтот со проруските сепаратисти поради кршење на примирјето, што е еден од последните услови за одржување на важен мировен самит со Москва.

„Повлекувањето требаше да започне во понеделник на 4 ноември, но бевме принудени да го одложиме заради непочитување на седумдневното примирје“, рече украинскиот министер за надворешни работи Вадим Пистајко.

Тоа повлекување претставува „последен предуслов за организирање на четиристраниот самит“, прецизираше тој.

Истовременото повлекување на украинските и сепаратистичките сили во три мали сектори на линијата на боиштето во источна Украина е клучен услов поставен од Кремљ за одржување на самит од нормандиски формат во Париз меѓу лидерите на Украина, Русија, Франција и Германија во ноември.

По повлекувањето од првиот сектор ова лето, завојуваните страни минатата недела започнаа иста постапка во друга зона, во близина на Золота во областа Луганск. Под критики од медиумите, украинската војска призна дека операцијата започнала без остварување на целосен седумдневен прекин на огнот.

Третата и последна фаза во близина на селото Петривска, во регионот Донецк, се очекуваше денес, но набљудувачите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) на 30 октомври утврдија „прекршување на примирјето во рамки на зоната на повлекување во областа Петривска“.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе