Украина го одби предлогот на Газпром, не сака руски гас

Предлогот на Газпром кој зачувувањето на транзитот на гас преку Украина го поврза со испораките на руски гас на Киев, не е прифатлив, соопшти претседателот на бордот на директори на Нафтогас Украина Јуриј Витренко. Украина не сака, ако гасот продолжи да минува преку неа, дополнително да ѝ плаќа на Русија за гас, бидејќи на увоз троши помалку, отколку што добива за транзитот, изјави Алексеј Милер, генералниот менаџер на Газпром.

EPA-EFE

Милер изрази спремност на компанијата да го зголеми транзитот на гас преку Украина, ако тоа за неа е економски исплатливо.

Според Витренко, Русија со овој предлог покажува дека сака директно со Украина да се договара за ова прашање. Наводно, рускиот лидер Владимир Путин сакал да преговара со Украина, не само за транзитот, туку и за извоз на гас. Директорот на Нафтогас во тоа гледа наметнување „надувани цени за гасот“ на Киев.

„Резултатот на тоа е за рускиот гас да плаќаме просечно пет милијарди долари повеќе, отколку што добиваме за транзитот“, објасни Витренко.

Тој додаде дека Украина не сака, ако остане транзитер, дополнително да ѝ плаќа на Русија за гас, бидејќи на увозот троши помалку отколку што добива за транзитот. Тој не го наведе точното количество гас кое Киев сега го купува од Европа, а колку претходно купувал од Газпром.

„Украина сега е во плус, уплаќаме пари во државниот буџет. Не ни е потребен договор со кој парите од Украина би оделе во Русија“, заклучи тој.

Витренко ги отфрли гаранциите на Москва за продолжување на транзитот во следните 10 години, бидејќи „Киев не може да ѝ верува“.

Украина во 2015 прекина да купува руски гас и почна да купува од европските земји.

Во текот на минатата недела Вашингтон и Берлин постигнаа договор за Северен тек 2, што предизвика големо незадоволство во Киев. Украинските власти, кои стравуваат дека ќе го изгубат статусот на транзитна земја за транспорт на рускиот гас, предупредија дека ќе продолжат да се борат против проектот а од ЕУ да бараат компензација.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе