Украина ги прекина дипломатските односи со Сирија

Украина во средата ги прекина дипломатските односи со Сирија, откако Дамаск ја призна независноста на источните региони Луганск и Доњецк.

Фото: ЕПА

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја објави одлуката на 29 јуни во видео објавено на Телеграм.

„Нема да има повеќе односи меѓу Украина и Сирија“, рече Зеленски, додавајќи дека притисокот од санкциите против Сирија „ќе биде уште поголем“.

Доњецк и Луганск во моментов се во центарот на борбите во војната што Москва ја почна во февруари, набргу откако ги призна нивните области под контрола на сепаратистите како независни.

Делови од Луганск и Доњецк паднаа под контрола на сепаратистите поддржани од Русија, откако Русија го анектираше украинскиот полуостров Крим во 2014 година.

Леонид Пасечник, лидерот на сепаратистите од Луганск, им се заблагодари на Сирија и на сирискиот претседател Башар ал Асад за, како што рече, „храбриот и одговорен политички гест“ за признавање на Луганск како независна и суверена земја, јави ТАСС.

Сирија, близок сојузник на Русија и корисник на руска воена помош во нејзината граѓанска војна, е првата земја освен Русија што ги призна двата сепаратистички региони.

Сирија и претходно беше на страната на Русија во територијалните спорови. Таа се согласи во 2018 година да ги признае Абхазија и друг отцепен грузиски регион, Јужна Осетија, како независни земји.

Овој потег го принуди Тбилиси да ги прекине дипломатските односи со Дамаск.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе