Украина достави список на оружјето кое го бара од Америка

Властите во Киев не кријат дека се подготвуваат за резервен план ако не успеат по мирен пат да ги вратат териториите на Доњецката и Луганската самопрогласена република.

Така министерот за надворешни работи на Украина Вадим Пристајко кажа дека на неговата земја ѝ се потребни нови бродови, ракетни системи, модерни радари, затворени системи за врска. Се разгледува можноста да се добие нова рунда противтенковски ракети „џавелин“.

„Се надеваме дека следната година Вашингтон ќе ни ја зголеми помошта“, изјави Пристајко. А од САД пристигна вест дека помошта ќе изнесува 300 милиони долари.

И додека министерот за надворешни работи бара ново оружје, вчера беше објавена веста дека претседателот Володимир Зеленски предложил закон за децентрализација на власта во Украина.

Веднаш по неговото внесување во процедура се огласи портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков кој кажа дека предлог-законот треба да се објави и да се види дали тој во себе ја вклучува „формулата на Штајнмаер“ со која на Доњецк и Луганск им се дава автономија.

Во Москва во рамки на смирувањето на „движењето на доброволците во Русија“ беше одржана средба на Путиновиот портопарол и преговарачот за Украина Владислав Сурков со доброволците кои биле во Донбас. Голем број од нив се прашуваат дали луѓето во Доњецката и Луганската република ќе завршат како некогаш Србите кои беа приморани да ги напуштат своите огништа во Хрватска.

Средбата ја организираше Александар Бородај, некогашниот прв премиер на „Доњецката Народна Република“. Тој е уверен дека Донбас никогаш повеќе нема да се врати во составот на Украина.

Киев би сакал да се направи ревизија на Минските договори и на Донбас да му се даде одредена самоуправа, но да нема ни збор за автономија. Освен тоа, ни сегашните власти, како ни поранешниот претседател Петро Порошенко, не сакаат никаква амнестија за луѓето кои војувале.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе