Украина бара да ѝ се резервира место во Европската Унија

Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба денеска побара на неговата земја да ѝ се „резервира“ место во Европската Унија, иако пристапните преговори би требало да траат долго.

Фото: ЕПА

„Често слушаме дека Украина му припаѓа на европското семејство и сега е важно да ѝ резервираме место во Европската Унија“, изјави Кулеба за германската јавна телевизија во почетокот на посетата на Германија.

„Ние навистина не зборуваме за најбрзо можно пристапување на Украина во ЕУ, но за нас е многу важно да го резервираме тоа место за Украина“, рече украинскиот министер.

Киев ја поднесе својата кандидатура за влез во Унијата на 28 февруари, неколку дена по почетокот на руската инвазија, но некои земји-членки се резервирани, меѓу другото и за доделувањето кандидатски статус на Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон во понеделникот во Берлин процени дека ќе бидат потребни „децении“ за земја како Украина да стане членка на ЕУ и предложи да се формира „европска политичка заедница“ на која ќе може да ѝ се приклучи додека чека. Таа заедница би можела да вклучува и земји што ја напуштиле Унијата, како што е Велика Британија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе