Украина апелира до Грција да ја прекине соработката со Русија и да ги затвори пристаништата

Украина апелираше денес до Грција да ги затвори своите пристаништа за руските бродови и да престане да работи со руски компании за да се засили притисокот врз Москва да ја сопре војната, изјави денес украинскиот амбасадор во Грција.

EPA-EFE

„Особено баравме од Грците да ги затворат своите пристаништа за руските бродови, да престанат да работат со Москва и да не испраќаат свои бродови во Русија“, им кажа на новинарите украинскиот амбасадор Сергеј Шутенко.

Новите преговори на Москва и Киев на кои се бара компромисно решение за статусот на Украина надвор од НАТО пактот поттикнаа денес умерена надеж дека, по три недели оружени судири, би можело да се дојде до позначителен напредок во преговорите на двете страни.

За време на неодамнешниот разговор на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис со претседателот на Украина Володимир Зеленски, претседателот на грчката влада го уверил украинскиот лидер дека Грција ќе ги спроведува санкциите на Европската Унија против Русија.

Голем број Грци живеат во Украина, особено во Мариопол, каде се изложени на оружените судири.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе