Укината смртната пресуда на поранешниот пакистански претседател

Високиот суд во Лахоре (ЛХЦ) ја поништи смртната казна на поранешниот претседател на земјата Первез Мушараф поради неуставна правна постапка.

Генералот Мушараф успеа да ја оспори уставноста на специјалниот суд кој го прогласи за виновен за велепредавство во декември минатата година, јави Би-би-си.

По пресудата на високиот суд во Лахоре, екс-претседателот сега е „слободен човек“ изјави за АФП Иштјак Ах Кан, јавен обвинител во Пакистан, кој ја претставуваше владата во случајот.

Целиот процес против Мушараф - вклучително и создавањето на специјалниот суд - се смета за неважечко.

ЛХЦ „прогласи за неуставно сè од започнувањето на жалбата до заклучокот“, рече Кан, цитиран од Ројтерс.

Претходно истиот ден, адвокатот на Мушараф, Аџар Сидик, за медиумите пред судот изјави дека судиите „поништиле сè“ против неговиот клиент.

Первез Мушараф е осуден на смртна казна во декември 2019 година. Тричлен суд го осуди по обвинение за велепредавство покренато против него уште во 2013 година.

Мушараф дошол на власт за време на воениот удар во 1999 година и ја извршувал функцијата претседател на земјата од 2001 до 2008 година.

Сега живее во егзил во Дубаи, а го собори тогашниот премиер Наваз Шариф во воениот удар во 1999 година и стана истакната личност на светската сцена откако се приклучи на американската војна против тероризмот во Авганистан.

Тој го суспендираше уставот во 2007 година за да го „прочисти“ судството и да избегне правното оспорување на неговото владеење.

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе