Бајден утре ја почнува европската турнеја

Угледот на САД во Германија и Франција останува нарушен

Репутацијата на Соединетите Американски Држави како водечка глобална сила е извалкана во Франција и Германија поради постапките на Вашингтон за време на пандемијата на ковид-19 во која починаа речиси 600.000 Американци, покажа истражување спроведено во 11 држави.

EPA-EFE

Ден пред европската турнеја на американскиот претседател Џо Бајден, анкетата која ја спровеле Фондот Маршал и Бертелсман фондацијата покажува дека тој не ја вратил репутацијата на САД, додека од друга страна угледот на Кина расте.

Според податоците на американското истражување објавено на 26 март, САД за време на претходникот на Бајден Доналд Трамп можеле да ја избегнат смртта на речиси 400.000 луѓе ако имале поефикасна стратегија.

„Првите три месеци на Бајденовата администрација не влијаеле врз тоа како Французите и Германците гледаат на американското влијание во светот“, покажува студијата.

„Овие податоци се во согласност со резултатите од истражувањето од 2020, кога е забележан пад од десет отсто во однос на периодот пред пандемијата, и тоа во корист на Кина“.

Тоа е во спротивност со перцепцијата во САД дека влијанието на земјата во странство пораснало.

Само 51 отсто од Германците сметаат дека САД се сигурен партнер, а тој процент во Франција изнесува 60, во Британија 67 отсто и високи 76 отсто во Полска. Помалку од четвртина Турци им веруваат на Соединетите Држави. Повеќето Американци ја сметаат Европската Унија за сигурен партнер, покажуваат резултатите на анкетата.

Повеќето анкетирани, освен во Шведска и Турција, и понатаму сметаат дека САД треба да бидат вклучени во одбраната и безбедноста на Европа.

Истражувањето е спроведено во периодот меѓу 29 март и 13 април и во него учествувале по 1.000 анкетирани во секоја од 11 држави – Канада, Франција, Германија, Италија, Холандија, Полска, Шпанија, Шведска, Турција, Британија и САД.

Бајден утре ја почнува првата европска турнеја како претседател во рамки на која ќе присуствува на самитот на Г7, НАТО и ЕУ. Тој се соочува со предизвикот на поправање на прекуокеанските односи кои ги наруши Трамп, чие повлекување од меѓународните договори и острите критики на НАТО ја поткопаа вербата на Европејците во Вашингтон.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе