Угина најстариот бел носорог на светот

На возраст од 54 години во зоолошка градина на северот на Италија угина Тоби, најстариот бел носорог на светот, објави претставничка на зоолошката градина.

EPA-EFE

„Ноно Тоби угина на 6 октомври“, изјави за Франс прес Елиса Ливиа Пенакиони од зоолошката градина Парко натура вива во близина на Верона.

„Тој се сруши на пат кон свето ноќно засолниште, а по околу половина час му сопре срцето“, кажа таа.

Тоби ќе биде балсамиран и изложен во научниот музеј Мусе во Тренто, каде ќе му се придружи на Бланко, белиот лав од зоолошката градина кој умре пред пет години, кажа Пенакиони.

Белите носорози обично живеат до 40 години во заробеништво, а до 30 години во дивина.

Смртта на Тоби, која следи по смртта на неговата партнерка Шугар во 2012, го остава Парко натура вива со еден бел носорог, 39-годишниот Бен.

Останати се само два примероци од подвидот северни бели носорози кои живеат во Кенија, кои вооружени стражари деноноќно ги чуваат.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе