Ученици од целиот свет протестираат поради климатските промени: „Немаме друга планета“ (ФОТО+ВИДЕО)

Учениците низ целиот свет денес протестираат за да предупредат на проблемот со климатските промени. Станува збор за протестот Скул страјк 4 клајмет, кој го почна 16-годишната Швеѓанка Грета Тунберг.

Таа сама го почна протестот пред својот парламент. Норвешките парламентарци ја номинираа за Нобелова награда за мир.

Илјадници ученици ги напуштија училниците во Австралија и Нов Зеланд како дел од глобалниот ученички штрајк поради недејствувањето на владите околу климатските промени.

„Климатските промени се пострашни од Волдеморт“, пишува на транспарентот на еден ученик во Велингтон, споредувајќи ја состојбата на климата со негативецот од книгите за Хари Потер. „Океаните се креваат, како и ние“, пишува на пораката на еден ученик во Сиднеј.

Протести се одржаа во главните градови и други места низ Австралија и Нов Зеланд, од Велингтон до Мелбурн и Сиднеј, на кои се собраа повеќе десетици илјади луѓе.

Младите денес протестираа и во Токио. „Ние немаме планета Б“, „Ни ја уништувате иднината“, Ако вие не се однесувате како возрасни, ќе мора ние“ – се дел од паролите со кои учениците излегоа на улиците.

„Повеќето од нас имаат 16 или 17 години. Наскоро ќе имаме 18 и ќе можеме да гласаме. Како гласачи ќе ја покажеме грижата за климата. Ако тоа не ни го обезбедите, нема да го добиете нашиот глас“, многу јасно на политичарите им порача млад демонстрант во индискиот град Делхи, еден од најзагадените во светот.

Илјадници ученици излегоа на улиците во Берлин, но и во цела Германија на протестите за климата. Хелсинки, Женева, Минхен, Виена, се само некои од градовите на големата листа во кои учениците протестираат низ Европа.

Во Белгија и Франција синдикатите се солидаризираа со учениците и планираат заедно со нив да излезат на улиците.

Вo Париз учениците го блокираа седиштето на банката Сосиете женерал.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе