Судот ги објави снимките

Убиството на Флојд снимено од полицајците (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Речиси 11 недели по смртта на Џорџ Флојд за време на апсење во Минеаполис, Окружниот суд во Минесота прв пат ги објави снимките направени со камерата на униформите на полицајците.

Видеото е снимено од камерите на униформите на полицајците Томас Лејн и Александар Куенг, кои учествувале во апсењето на Флојд на 25 мај.

Камерата на третиот полицаец, Дерек Човин, кој скоро девет минути со колено го притискаше вратот на Флојд, испаднала за време на апсењето и неговите снимки не беа објавени.

Видеото е долго еден час и е снимено од камерите на Лејн и Куенг, кои се обвинети за соучесништво, а први се појавиле на местото на настанот, по повикот од сопственикот на продавницата кому Флојд наводно сакал да му плати со лажна банкнота од 20 долари.

Полицајците прво разговараат со продавачот, а потоа одат кај Флојд, кој седи во автомобилот.

На видеото се гледа дека Лејн извлекува пиштол бидејќи Флојд не ги крева веднаш рацете.

Флојд изгледа како да плаче и во еден момент ја спушта главата на воланот.

„Те молам немој да ме упукаш, човече“, вели Флојд низ солзи. „Ја загубив мајка ми, човече. Многу ми е жал.“

Снимката покажува дека Флојд им рекол на полицајците дека не се спротивставува, туку дека е клаустрофобичен и заразен со коронавирус.

Полицајците го извлекуваат од автомобилот, му ставаат лисици на рацете и се обидуваат да го турнат во патролното возило. Тој во возилото почнува да се спротивставува и вели дека не може да дише, а потоа полицијата го извлекува и тој завршува на земја.

Потоа неколку пати се слуша како Флојд лелека дека не може да дише, а видеото завршува со доаѓањето на брзата помош, која се обидува да го реанимира несвесниот Флојд.

Афроамериканецот Џорџ Флојд почина од „задушување поради долготраен притисок“, покажаа резултатите од независната обдукција.

Обдукцијата откри дека како резултат на притисокот врз грбот и вратот на Флојд, бил прекинат дотекот на крв во неговиот мозок, како резултат на што починал.

Додека Човин е обвинет за убиство од втор степен, тројцата други полицајци, Александар Куенг, Ту Тао и Томас Лејн, се обвинети за помагање и поттикнување на убиство.

Сите четворица беа отпуштени по инцидентот што го вознемири целиот свет.

Убиството на Флојд ги инспирираше луѓето од сите раси да маршираат низ улиците и да клечат, да викаат дека „црните животи се важни“ и да се собираат во стотици градови низ целиот свет.

Иако протестите во Соединетите Држави главно останаа мирни, кога почнаа да се шират немири низ целата земја избувнаа насилство и грабежи.

Во Минеаполис демонстрантите по смртта на Флојд дури запалија полициска станица.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе