Убиени двајца украински војници на исток: Зеленски вети остар одговор

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети остар одговор по убиството на двајца украински војници во источниот дел на Украина.

Новите судири со сепаратистите поддржани од Русија во источниот дел на земјата ги однесоа животите на уште двајца војници, со што бројот на убиени украински војници оваа недела се искачи на шест, поради тоа претседателот Володимир Зеленски побара од Москва да ги „заузда“ сепаратистите.

Двајцата војници се убиени во артилериско гранатирање синоќа во близина на селото Новолуганск, околу 50 километри североисточно од Донецк, едно од упориштата на проруските сепаратисти, се вели во соопштението објавено денеска од страна на украинското претседателство.

Зеленски ги обвини руските платеници дека се одговорни и го осуди флагрантното кршење на мировните договори од Минск потпишани во 2015 година.

„Прибегнување кон артилерија е доказ за загуба барем на делумна контрола над платениците. Се надеваме дека руската страна ќе ја поврати контролата над тие единици“, изјави украинскиот претседател во соопштението.

Киев и Запад ја обвинуваат Русија за воена поддршка на руските бунтовници во источна Украина, што Москва го негира.

„Овој оган насочен кон украинските војници е очигледен обид уште еднаш да се поткопа процесот на преговори за примирје. Кој и да ја дал оваа наредба украинските сили ќе одговорат остро во согласност со ситуацијата“, рече Зеленски.

Во средата, неколку часа пред новата рунда мировните преговори во Минск меѓу руски и украински делегати, украинската војска објави дека три украински војници се убиени во последните 24 часа во судири со сепаратистите.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе