Палестинската страна соопшти дека Ширин Абу Аклех „ја убиле израелските сили“ додека известувала за рација во градот Џенин, во кој во минатите недели се интензивираа рациите и насилствата.
Палестинското министерство за здравство ја потврди нејзината смрт и соопшти дека друг репортер, Али Самоди, е ранет.
Израелската војска соопшти дека војниците возвратиле откако се нашле „под силен оган“ и дека е „можно, во тек е истрагата, репортерите да биле погодени, веројатно, со куршуми испукани од палестинските вооружени напаѓачи“.