Техеран вети одмазда

Убиен важен ирански офицер, го изрешетале од мотор додека седел во автомобил

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси вети одмазда откако ден претходно во Техеран полковникот на иранските Чувари на револуцијата Сајад Кодаи беше убиен.

EPA-EFE

Двајца атентатори на мотор пет пати пукале во Кодаи во автомобил пред неговата куќа. Досега ниедна група не презема одговорност за вчерашниот напад, а по напаѓачите е распишана потерница. Станува збор за најголемиот безбедносен протест во Иран од 2020 година, кога беше убиен водечки нуклеарен научник.

Полковникот Кодаи бил високопозициониран припадник на елитните бригади Ал кудс, продолжената рака на Чуварите на револуцијата која дејствува во странство.

САД и Израел ја обвинуваат за поддржување терористички групи и за нападите низ Блискиот Исток. Иранскиот претседател Раиси вети денес дека убиството на офицерот ќе биде „одмаздено“. „Не се сомневам дека крвта на овој голем маченик ќе биде одмаздена“, кажа Раиси на државната телевизија.

Тој со својата изјава навести дека во злосторството би можел да биде вмешан Израел. Истакна дека безбедносните сили спроведуваат темелна истрага.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе