Не се познати деталите

Убиен синот и наследник на Осама бин Ладен

Соединетите Држави имале улога во операцијата во која загина помладиот Бин Ладен, соопштија официјалните лица, објави Њујорк тајмс. Но други детали, вклучувајќи и каде починал, останаа непознати.

Синот на Осама бин Ладен, Хамза бин Ладен, кој долго се сметаше за наследник на лидерското место во Ал каеда и кој постојано се закануваше дека ќе ги нападне Соединетите Држави, е мртов, рекле двајца американски функционери.

Хамза бин Ладен бил убиен во изминатите две години, за време на администрацијата на Трамп, но било потребно време за да се потврди неговата смрт, рекле тие.

Во февруари Стејт департментот објави награда од еден милион американски долари за информации за местото каде се наоѓа тој. Сепак, дотогаш, младиот Бин Ладен веќе бил убиен - но неговата смрт сè уште не била потврдена од армијата и разузнавачките агенции.

Деталите за акцијата, вклучувајќи и каде бил убиен, се оскудни. Функционерите известиле за неговата смрт под услов на анонимност, бидејќи тоа содржело деликатни операции и собирање разузнавачки информации.

Локацијата на помладиот Бин Ладен беше предмет на шпекулации во јавноста. По нападите на 11 септември 2001 година, припадници на Ал каеда, меѓу кои и Хамза бин Ладен, избегаа во Иран, каде што беа приведени. Оттогаш, за Бин Ладен се велеше дека е во пограничниот регион на Авганистан и Пакистан, како и во Сирија, велат аналитичари и поранешни официјални претставници.

Претседателот Трамп беше запрашан денеска за оваа вест, но одби да коментира.

По смртта на Осама бин Ладен во 2011 година во рацијата на тимот СЕАЛ во Пакистан, Хамза бин Ладен беше подготвуван за највисоката лидерска улога во Ал каеда од страна на двајцата највисоки офицери на неговиот татко. Тој се ожени со ќерката на една од нив.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе