Убиен италијански амбасадор во напад на конвој на ОН во Конго

Италијанскиот амбасадор во Конго, Лука Атанасио почина денес од раните здобиени во нападот на конвој на ОН на истокот на таа африканска земја. Атанасио бил оженет и татко на три деца, а на функцијата италијански амбасадор во Конго бил од почетокот на 2018 година.

Screenshot

Ројтерс известува дека италијанското Министерство за надворешни работи ја потврди смртта на својот амбасадор и воениот полицаец, кој со него патувал, во нападот во Конго.

Возачот и телохранителот на амбасадорот исто така се убиени, изјави воен портпарол во регионот Северен Киву, но не ги прецизираше идентитетите на жртвите.

„Атанасио почина од добиените повреди во нападот од заседа во Националниот парк Вирунга, недалеку од источниот град Гома во покраината Северен Киву“, изјави за агенцијата Дпа гувернерот на провинцијата Карли Нзанзу Касивита.

„Целта на нападот беше киднапирање на персонал на ООН“, изјави за италијанските медиуми портпаролот на Националниот парк.

Нападот врз конвојот на ВФП (Светската програма за храна - гранка за помош на храна на Обединетите нации) се случи северно од Гома, главниот град на покраината Северен Киву, каде повеќе од 25 години трае насилството од вооружени групи.

Италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо, кој утрово се врати од Брисел откако дозна за нападот, изрази „огромна болка за она што се случи“.

„Околностите на овој брутален напад не се познати, ќе сториме сè што е во наша моќ да откриеме што точно се случило“, додаде Ди Мајо.

Би-би-си јавува дека бројни вооружени групи делуваат во областа на Националниот парк Вирунга.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе