Сирија

Убиен еден турски војник, петмина повредени во борба со курдските милиции

Еден турски војник е убиен, а петмина се ранети во сирискиот регион Рас Ал Аин по ракетен и минофрлачки напад од страна на курдските милиции, објави турското Министерство за одбрана.

Турската армија одговорила на нападот, се додава во соопштението, пренесе Ројтерс.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера изјави дека Турција ќе ги протера курдските милиции од североисточна Сирија доколку Русија не ги исполни своите обврски според договорот што помогна да ѝ се стави крај на турската офанзива во регионот.

Според договорот, постигнат од Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин, руската воена полиција и сириските гранични сили треба да ги протераат борците на курдската милиција од зоната на 30 километри од границата во текот на шестдневен период, кој завршува во вторник.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе