Како што се дознава, истражните тела во Србија се известени за убиството на Звицер, иако конечната потврда ќе ја објави Еуропол.
Врз Звицер повеќе пати имаше обиди за убиство. Пред две години се обидоа да го убијат во близина на неговиот стан во Киев, среде бел ден кога отишол да трча.
Звицер беше еден од највлијателните луѓе на балканското подземје и шеф на кавачкиот клан. Беше поврзуван со бројни убиства, продажба на дрога и други кривични дела.