Убиен е Радоје Звицер, шефот на мафијашкиот кавачки клан

Вечерва нешто по 20 часот во Панама е убиен шефот на озлогласениот црногорски кавачки клан Радоје Звицер, јавуваат српските медиуми. Според првичните информации, Звицер е убиен во изнајмена вила.

Фото: Српска полиција

Како што се дознава, истражните тела во Србија се известени за убиството на Звицер, иако конечната потврда ќе ја објави Еуропол.

Врз Звицер повеќе пати имаше обиди за убиство. Пред две години се обидоа да го убијат во близина на неговиот стан во Киев, среде бел ден кога отишол да трча.

Звицер беше еден од највлијателните луѓе на балканското подземје и шеф на кавачкиот клан. Беше поврзуван со бројни убиства, продажба на дрога и други кривични дела.

Легенда под Главна слика

Фото: Српска полиција

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе