Убиецот од Норвешка сепак не користел само лак и стрела

Напаѓачот во смртоносниот напад со лак и стрела минатата среда во норвешкото гратче Конгсберг, данскиот државјанин Еспен Андерсен Братен, најверојатно користел и друго ладно оружје, пренесуваат европските медиуми повикувајќи се на извори во норвешката полиција.

Скриншот Јутјуб

Во извештајот на Франс инфо се наведува дека убиецот само во првите моменти на нападот во супермаркетот користел лак и стрела, а дека потоа го отфрлил тоа оружје и продолжил на блиски локации смртно да ги ранува другите луѓе со друго ладно оружје, најверојатно со нож.

Норвешката полиција потврди дека 37-годишниот Братен е примен во психијатриска установа во која ќе биде подложен на целосен надзор на судски вештаци за да се разјасни дали бил здрав или не во времето на извршување на злосторството.

Според норвешките медиуми, Андерсен Братен претходно бил осудуван за провалување и поседување наркотици, а минатата година судот му наредил забрана за приоѓање на своите родители во траење од шест месеци, откако било пријавено дека се заканувал дека ќе ги убие.

Црниот биланс на минатонеделниот напад на Еспен Андерсен Братен е петмина убиени и тројца тешко ранети.

Легенда под Главна слика

Скриншот Јутјуб

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе