Објавена првата фотографија

Убиецот од Германија во живо емитувал снимка од нападот во Хале (ФОТО)

Сајтот за пренесување во живо Твич соопшти дека видео-снимка од оружениот напад во источногерманскиот град Хале во кој беа убиени две лица а уште две тешко ранети, била емитувана во живо преку нивната платформа.

Компанијата наведе дека забрзано работела да ја отстрани содржината и додаде дека секој профил кој ќе биде откриен дека ја објавува или реемитува содржината на „овој одвратен чин“ ќе биде трајно избришан од платформата.

Портпаролката на компанијата не можеше веднаш да одговори колку долго видеото било емитувано, наведувајќид ека платформата, сопственост на Амазон, ги истражува околностите на емитувањето.

Сведоци и властите соопштија дека тешко вооружен напаѓач во Хале безуспешно се обидел да упадне во синагога на светиот еврејски ден Јом кипур. Тој потоа почнал да пука пред синагогата и во еден донер-ресторан. Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер кажа дека станува збор за антисемитски чин и дека верува дека напаѓачот е симпатизер на екстремнодесничарски групи.

Идентитетот на осомничениот, кој беше уапсен набрзо по нападот, полицијата сѐ уште не го објави. Според германските медиуми станува збор за 30-годишен Германец кој претходно немал полициско досие. Тој во вознемирувачкото 35-минутно видео ги обвинил Евреите дека се „коренот на сите проблеми“.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе