Убиецот на Џорџ Флојд пуштен на слобода, платил милион долари кауција

Дерек Човин, поранешниот полицаец од Минеаполис и првообвинет за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, пуштен е од затвор денес откако платил гаранција во износ од милион долари.

EPA-EFE

44-годишниот Човин досега беше во затвор во Минесота и се појавуваше на суд од дистанца, освен на последното рочиште на кое беа и останатите обвинети полицајци, Александер Кинг, Томас Лејн и Тоу Тао, и се појавија лично.

Тој е обвинет за убиство со предумисла, но и за убиство од негрижа. Му се закануваат и до 12 години затвор. Исто така, обвинителите поднесоа обвинение против него и неговата жена за неколку затајувања на данок и наводно лажење за имотот.

Преостанатите тројца полицајци вмешани во смртта на Флојд се обвинети за помагање во убиство од втор и трет степен.

Човин платил милион долари кауција, а судењето ќе го чека од слобода, но со условна казна.

Условите подразбираат во иднина да се појавува на рочиштата, да не го крши законот, да не се вработува во фирма за обезбедување или како полициски службеник, да ги предаде оружјето и муницијата дури и ако има дозвола за нив, да не ја напушта Минесота и да нема никаков контакт со семејството на Џорџ Флојд. Исто така, под условите се подразбира и екстрадиција доколку ја напушти сојузната држава Минесота.

Со ова сите четворица полицајци кои учествуваа во убиството на Џорџ Флојд се пуштени на слобода.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе