Масакрот во Цетиње

Убиецот изрешетан со пет куршуми, имал дозвола за оружје

Вук Бориловиќ бил погоден со најмалку пет куршуми, покажала обдукцијата.

Фото: ЕПА

Според сознанијата на Вијести, од обдукцијата се открило дека имал најмалку пет влезни рани, а балистичките експерти и патолози ќе проценат од кое оружје бил погоден Бориловиќ и кои рани биле фатални.

Вијести дознаваат дека Бориловиќ имал дозвола за оружјето со кое го извршил невидениот масакр во Цетиње бидејќи како ловец имал дозвола за оружје.

Според надлежните, при размена на оган со полицијата тој бил застрелан од сограѓанин.

Претходно, Бориловиќ одбивал да ѝ се предаде на полицијата, иако бил опколен.

34-годишниот Вук Бориловиќ вчера уби 10 сограѓани во Цетиње, а на крајот и самиот почина од, како што се сомневаат, истрелите кои кон него ги истрелал цетињенецот Н.К., пишува црногорска Побједа.

Веста за трагедијата во Цетиње, во која загинаа 11 лица, ги шокираше и колегите на напаѓачот Вук Бориловиќ од Националниот парк Ловќен.

„Вук работеше во Националниот парк повеќе од пет години, а беше шеф на службата за хигиена на животната средина, задолжен за одржување на уредноста на паркот. Тој беше педантен и вреден човек, но во последно време беше забележливо дека се повлече, беше како осамен волк.

Ќе дојдеше на работа, ќе го сработеше тоа што треба, а потоа ќе се изолираше, ќе се дистанцираше од колегите. Беше колега и пријател кој правеше сè во животот за да им помогне на оние што ги сакаше, а оние што не ги сакаше, тоа можеше да се види“, изјави доцна синоќа за Побједа еден од колегите на Бориловиќ од НП Ловќен. Колегата додаде дека таков масакр може да биде само резултат на помрачување на умот.

Црногорскиот портал Побједа откри неколку нови детали за масакрот во Цетиње. Вук Бориловиќ, вработен во Националниот парк Ловќен, колегите го опишуваат како мирен и повлечен работник. Засега не е јасно зошто тргнал во крвав поход.

Според информациите до кои дошла Побједа, еден од соседите се обидел да ги спаси децата кои се сокриле зад вратата. Но, Бориловиќ ги убил и нив и мајка им, а потоа и сопствениот вујко кој се обидел да го смири.

Крвавата акција траела над половина час, а сè се случило на оддалеченост од околу 200 метри од Цетинскиот манастир, каде постојано има полициска патрола.

Според информациите на соседите и сведоците, Бориловиќ и неговото семејство пред неколку дена биле во приморски град. Колегите велат дека во последните месеци бил повлечен.

Бориловиќ бил убиен од цивил, сосед чие семејство исто така било загрозено.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе