Претседателски избори во Русија

Убедливи 76 отсто од гласовите за Путин: „Обединети имаме голема иднина“ (ФОТО+ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин ја доби довербата на над 76 отсто од граѓаните на денешните претседателски избори во Русија, пренесуваат руските медиуми.

 

Путин им се заблагодари на своите поддржувачи собрани на московскиот Црвен плоштад, порачувајќи дека пред Русија е голема иднина доколку народот остане обединет.

Претходно вечерва, според 30 отсто пребројани гласови, руската Централна изборна комисија соопшти дека Путин освоил 73,1 отсто од гласовите.

Кандидатот на Комунистичката партија Павел Грудињин е втор, на третото место е лидерот на националистичката Либерално-демократска партија на Русија Владимир Жириновски, а четврта е новинарката Ксенија Собчак.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека резултатите на изборите се „извонредни“.

Убедливата победа на Путин му донесе уште еден шестгодишен претседателски мандат, до 2024 година. Путин таа година ќе го прослави 71 роденден и речиси четврт век на челото на државата, што ќе значи дека само советскиот диктатор Јосиф Сталин владеел подолго.

Операциите направени кај повеќето интерсексуални новороденчиња е од козметички причини.

повеќе

Внимателноста во водењето на преговорите за името и изјавите околу нив сега е повеќе од нужна.

повеќе

Во најсеверните делови на грчките региони Западна и Централна Македонија, сите народни ора се инструментални песни. Традиционалните песни во овие региони некогаш имаа зборови - но тие беа на јазик што грчката држава речиси еден век се обидува да го избрише: македонскиот словенски, вели Петрос Карацареас, лектор по англиски јазик и лингвистика на Универзитетот на Вестминстер, Велика Британија.

повеќе