Поради отстапки за „Северен тек“

„Убав ден за Русија“: Трамп го нападна Бајден по средбата со Путин

Доналд Трамп го искритикува американскиот претседател Џо Бајден по неговата прва средба како врховен командант со рускиот колега, инсистирајќи дека САД не добиле ништо од состанокот и рече дека тоа било „убав ден“ за Москва.

Фото: ЕПА

„Ние не добивме ништо. Ѝ дадовме многу на Русија и не добивме ништо“, рече Трамп синоќа за Фокс, напаѓајќи го Бајден зашто ги укина санкциите за проектот на гасоводот Северен тек 2, кој го гради Русија и со кој ќе пренесува гас во Европската Унија.

„Се откажавме од нешто што беше неверојатно вредно. Јас го запрев гасоводот, Северен тек, и тој гасовод беше запрен. Тоа сега е вратен и ништо не беше добиено за него... Мислам дека тоа беше убав ден за Русија.“

Поранешниот претседател додаде дека енергетските политики на Бајден „ќе ја направат Русија многу богата“, но не објасни како, и додаде: „Кога јас заминав, беше 1,87 американски долари за галон гас, сега е над 3 долари. Ќе се искачи на 5, 6 или 7 американски долари, памтете ми го зборот, и тоа е поголемо од зголемување данок“.

Бајден минатиот месец ги повлече санкциите за германска компанија што стои зад „Северен тек 2“, велејќи дека тие се „контрапродуктивни во однос на нашите европски односи“. Путин на 4 јуни објави дека е завршен првиот дел од гасоводот, кој ќе пренесува гас од Русија до Германија преку Балтичко Море.

Додека го осудуваше настапот на претседателот Бајден со Путин, Трамп сепак рече дека сакал тој да успее, иако не можеше да се воздржи да не ја спомне и претседателската трка во 2020 година дури ни додека се обидуваше да биде посмирен кон својот поранешен противник.

„Видете, се надевам дека (Бајден) ќе нема проблеми“, рече тој. „Сакам да успее. Сакам да оди и да успее. Мислам дека изборите беа неверојатно нефер, но сакам овој тип да оди и да направи добро за нашата земја“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе