Шпионските агенции тријат раце

Уапсените руски хакери случајно издале уште 300 агенти на ГРУ, сосе имиња, датуми на раѓање, телефонски броеви...

Руските хакери што беа уапсени во Холандија и се протерани во Москва случајно предале повеќе од 300 други агенти, објавија британските таблоиди.

Како што велат тие, шпионските агенции од целиот свет сега имаат база на податоци за стотици руски агенти, бидејќи двајца од мажите фатени во Хаг имале дипломатски пасоши со нивните вистински имиња и датуми на раѓање.

Министерството за одбрана на Холандија на 4 октомври објави дека во април 2018 година протерало четворица руски воено-разузнавачки оперативци, откако биле спречени нивните обиди за извршување сајбер-напади врз Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ).

На прес-конференцијата, холандските власти ги открија имињата на четворицата осомничени, меѓу кои е и Алексеј Моренец. Новинската агенција Белингкет, која објави дека го открила вистинскиот идентитет на еден од напаѓачите во Солзбери, го проверила името Алексеј Моренец во јавниот регистар на автомобили во Русија. Неговата „лада“ била регистрирана на адресата на Воената единица 26165, во која се наоѓа одделот за сајбер-напади на Кремљ.

Излегло дека на истата адреса се регистрирани уште 305 луѓе, со имиња, дати на раѓање, броеви на пасош, што имаle регистрирано автомобил на истата адреса.

Ова може да е најголемото безбедносно разоткривање што ГРУ некогаш го доживеала, вели Вашингтон пост.

Списокот на шпиони на ГРУ ги содржи нивните имиња, датумите на раѓање и броевите на мобилните телефони, што ја разоткрива Путиновата елитна единица за сајбер-напади.

Беше откриено и дека фотографијата што Моренец ја постирал на сајт за љубовни состаноци е направена токму пред седиштето на ГРУ во Москва.

Овие откритија доаѓаат неколку дена откако холандските разузнавачки агенти, кои работеле во партнерство со британски колеги, ги пресретнаа шпионите од Кремљ на паркингот на хотел во близина на седиштето на ОПЦВ.

Руските агенти изнајмиле автомобил и барале место од кое би можеле да ја хакираат безжичната мрежа на ОПЦВ. Четворицата осомничени избегнаа кривични обвиненија бидејќи носеле дипломатски пасоши, меѓутоа, според британските медиуми, тие оставиле зад себе огромен број докази за руските техники и за својата поврзаност со ГРУ.

Некои од нив сим-картичките на своите мобилни телефони ги активирале пред седиштето на ГРУ во Москва, а истражителите дури нашле и сметка од таксито со кое тимот се возел од седиштето на ГРУ до московскиот аеродром, пред да ја изведат хакерската мисија, објави Вашингтон пост.

Се тврди дека четирите агенти на ГРУ биле идентификувани кога слетале на аеродромот во Амстердам, како и дека МИГ и холандските тајни служби ги фатиле при обидот да ја хакираат ви-фи мрежата на ОПЦВ со помош на хакерска опрема во багажникот на автомобилот.

Се додава и дека, соочени со разузнавачите, тие се обиделе да ги скршат своите телефони и опрема, како и дека двајцата осомничени имале броеви на пасош 0135555 и 0135556, што наводно покажува дека се издадени истовремено.

Исто така, велат британските медиуми, запленетиот лаптоп ги поврзува осомничените со многу сајбер-напади низ целиот свет.

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе

Анализа на проф. д-р Гордан Калајџиев на Решението У.бр.96/2016 од Уставниот суд.

повеќе