Уапсени најблиските соработници на Навални, сакале да протестираат

Двајца од најблиските соработници на Алексеј Навални биле уапсени во средата, објавија нивните адвокати спроти масовните протести за поддршка на затворениот критичар на Кремљ и за време на говорот на претседателот Владимир Путин за состојбата на нацијата.

EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Љубов Собол, која се појавува на Јутјуб каналот на Навални, и неговата портпаролка Кира Јармиш биле уапсени во Москва.

Опозицискиот лидер е многу слаб и слабо лекуван во болницата за затвореници заболени од туберкулоза каде што се наоѓа, предупредија неговите адвокати во вторникот и побараа да биде префрлен во Москва.

Блиски соработници тврдат дека тој може да умре во секој момент и ги повикаа граѓаните ширум Русија да излезат на улица во среда.

Владата предупредува дека планираните протести се незаконски. Претходно слични демонстрации со сила биле растерани од страна на полицијата и биле уапсени илјадници лица.

Полицијата воочи протестите уапсила најмалку десет опозициски активисти во неколку региони, објави невладината организација ОВД-Инфо.

Пребарувани се становите на приврзаници на Навални во Санкт Петербург, Краснојарск и Екатеринбург, како и стан на новинар во Санкт Петербург.

„Како и обично, тие мислат дека ако ги изолираат лидерите, нема да има протест. Секако дека грешат“, рече Леонид Волков, близок соработник на Навални.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе