Планирале напади врз американските сили

Уапсени членови на ИСИС, планирале терористички напади во Германија

Јавното обвинителство на германската покраина Северна Рајна Вестфалија соопшти утринава дека се уапсени четворица Таџикистанци, осомничени припадници на терористичката организација Исламска држава.

Тие четворица, како и уште едно лице кое веќе се наоѓало во истражен притвор, планирале терористички напади во Германија во име на ИСИС, соопшти обвинителството во Карлсруе.

Оваа група планирала да изврши напади врз објекти на американската војска во Германија, но и врз поединци. Нивната мета биле критичарите на исламот.

Тие планирале да ги извршат терористичките напади во брзо време. Според Билд, уапсените веќе набавиле оружје, а еден од нив набавил и план за изработка на бомби.

Апсењетто било спроведено во местата Ведол, Зиген и округот Хајсенберг, кој до скоро беше најголемото жариште на коронавирусот во Германија.

Петтото лице од март минатата година се наоѓа во истражен затвор, а по неговото апсење плановите за извршување на нападите привремено сопреле.

Четворицата уапсени ѝ се приклучиле на Исламска држава минатата година. тие прво планира да тргнат во џихад во својата татковина Таџикистан, но потоа го смениле планот и се решиле за напади во Германија.

Тие биле во тесен контакт со високопозиционирани лидери на ИСИС во Сирија и Авганистан, од кои добивале инструкции.

За финансирање на своите планови тие собирале пари во Германија и ги префрлале, преку Турција, на Исламска држава.

Еден од нив дури прифатил налог за убиство во Албанија, за што му биле ветени 40.000 долари, пишува Билд, додавајќи дека убиството во последен момент пропаднало.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе