Песков го пофали Први канал

Уапсена жената што со антивоена порака упадна на руската државна телевизија, Кремљ: „Хулиганство“

Кремљ денеска соопшти дека постапките на жената што ги прекина вестите во живо на руската државна телевизија Канал 1 за да ја осуди војната во Украина претставуваат „хулиганство“.

Фото: скриншот

„Што се однесува на оваа жена, тоа е хулиганство“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пофалувајќи го Први канал за, како што рече, „квалитетната, објективна и навремена програма“.

Марина Овсјаникова вчера ја прекина главната информативна емисија појавувајќи се зад водителката на централните вечерни вести со плакат на кој пишуваше: „Не за војната. Запрете ја војната. Не ѝ верувајте на пропагандата. Тука ве лажат.“

Водителката продолжи да ги чита вестите за контрамерките на западните санкции кон Русија, но протестот на Овсјаникова можеше да се види и чуе неколку секунди пред каналот да се префрли на друга репортажа.

Овсјаникова претходно снимила специјална порака во која вели дека се срами од тоа што го правела на Први канал.

„Ова што се случува во Украина е злосторство, а Русија е агресорот“, рече Овсјаникова, додавајќи дека нејзиниот татко е Украинец.

Во трендовите на Твитер името на Марина Овсјаникова вчера веднаш го зазеде првото место. За само неколку часа, пораките за нејзиниот чин почнаа масовно да се шеруваат од корисниците на германскиот, англискиот, францускиот и другите сегменти на оваа мрежа.

Копии од видеото со чинот на Овсјаникова беа објавени на многу приватни профили на Јутјуб, како и на различни медиумски профили, и за неколку часа добија стотици илјади прегледи.

Реакции на руската опозиција

„Пропагандистите се одрекуваат од Путин“, напиша на Твитер прес-секретарката на Алексеј Навални, Кира Јармиш.

Љубов Собол, соработничка на Навални, на Твитер ја пренесе „утрешната насловна страница на Гардијан со Марина Овсјаникова“.

„Овој чин на една жена нека биде почеток, пример за сите нас“, напиша лидерот на руската опозиција, поранешен пратеник во Државната дума Дмитриј Гудков, на својата фејсбук-страница.

Споредба со „демонстрацијата на седумтемина“

Новинарот Тимофеј Џјадко ја спореди Овсјаникова со Наталија Горбаневскаја, која во 1968 година учествуваше на демонстрациите на Црвениот плоштад на седумте дисиденти што протестираа против влегувањето на советските тенкови во Чехословачка.

„Марина Овсјаникова го направи Први канал повторно прв. За пет секунди. Пет секунди вистина може да ја измијат нечистотијата на неколкунеделната пропаганда“, напиша опозиционерот Лев Шлосберг на Фејсбук.

Први реакции надвор од Русија

„Ова е чин на неверојатна храброст“, напиша на Твитер поранешниот американски кандидат за претседател и лидер на Демократската партија, Берни Сандерс.

„Нејзиното име е Марина Овсјаникова. Таа сега е во затвор. Единствениот начин да ѝ помогнеме е да се потрудиме целиот свет да го дознае нејзиното име“, ја коментираше акцијата на Овсјаникова францускиот режисер, новинар и европратеник Рафаел Глуксман.

Притвор за Овсјаникова

Самата Овсјаникова беше приведена по протестниот чин. „Марина Овсјаникова е на должност во телевизискиот центар Останкино“, напиша активистот за човекови права и шеф на групата Агора Павел Чиков на својот профил на Телеграм, повикувајќи се на адвокатот Даниил Берман, кому не му било дозволено да се види со својата клиентка. Според Чиков, неколку полициски автомобили од Одделот за внатрешни работи на североисточниот административен округ на Москва се упатиле кон телевизискиот центар.

Таа е приведена и против неа ќе биде поднесена тужба, рекол полициски извор за ТАСС.

„Девојката може да одговара, вклучително и според член 20.3.3. од Кодексот за административни прекршоци („Јавни дејствија насочени кон дискредитирање на употребата на вооружените сили на Руската Федерација со цел да се заштитат интересите на Руската Федерација и нејзините граѓани, одржување на меѓународниот мир и безбедност“)“, рекол изворот, кој појаснил дека Марина Овсјаникова работи како уредник на Први канал и дека се наоѓа во полицискиот оддел во областа Останкино.

Според изворот, Овсјаникова е родум од Одеса, каде што е родена во 1978 година. Според новите руски закони, за овој чин може да добие 15 години затвор.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе