Кина е бесна

Уапсена потпретседателката на Хуавеј, ќерката на сопственикот на компанијата

Канада ја уапси високата извршна директорка на Хуавеј во Ванкувер, каде што се соочува со екстрадиција во САД под сомневање дека ги прекршила американските санкции против Иран, пренесе Гардијан.

Менг Вахау, една од потпретседателите на кинеската технолошка компанија и ќерка на основачот на компанијата Рен Ценфеи, уапсена е на 1 декември, а судско сослушување е закажано за во петок, изјави портпаролот на канадското Министерство за правда.

Претставници од компанијата Хуавеј, еден од најголемите светски производители на телекомуникациска опрема, не го коментираа случајот, како ни канадските ни американските официјални претставници.

Портпаролот на Хуавеј потврди дека Менг е уапсена во Канада, на барање на американските власти и тоа додека на аеродром чекала лет. Тој не откри под кои точно обвиненија е приведена.

„Компанијата прими многу малку информации за обвиненијата и не сме запознаени со никакви криминални дела на Менг“, рече портпаролот. „Уверени сме дека канадските и американските власти ќе постигнат договор и ќе донесат праведна одлука“, додаде тој.

Министерството за правда на САД одби да го коментира случајот.

Извори за Ројтерс во април изјавија дека американските власти вршеле истрага за Хуавеј, најголемиот производител на телекомуникациска опрема во светот, најмалку од 2016 година поради наводното испорачување на американски производи за Иран и други земји кои се под американски санкции.

Американските власти пред неколку недели почнаа да лобираат кај своите сојузници да избегнуваат користење на опрема која е произведена од страна на кинеската компанија Хуавеј.

Трговската војна меѓу Кина и САД продолжува, а американските официјални претставници неодамна повторно ги изнесоа обвинувањата за воена и индустриска шпионажа, во која наводно се вклучени кинески компании.

Во среда, БТ, британската телекомуникациска групација, потврди дека е во процес на отстранување на опремата на Хуавеј од клучните делови на своите 3Г и 4Г мрежи, како дел од внатрешна политика за во центарот на својата инфраструктура да ја нема кинеската фирма. Претходно оваа недела шефот на МИ6, исто така, посочи дека Велика Британија треба да одлучи дали ѝ е „удобно“ да користи технологија што е во сопственост на Кина.

Владите во Нов Зеланд и Австралија, исто така, одлучија да ја блокираат употребата на опремата на Хуавеј во идните 5Г мрежи.

Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018 година, кој го одбележуваме во вторник (18 декември).

повеќе

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе