Уапсена порно глумицата на која Трамп ѝ плати да молчи

Американската порно глумица Сторми Дениелс, која во моментов е во судски спор со претседателот Доналд Трамп, е уапсена поради помал прекршок, потврди нејзиниот адвокат и додаде дека станува збор за апсење од „политички причини“.

Дениелс, која тврди дека имала врска со Трамп која тој ја негира, била уапсена во стриптиз клуб во Охајо каде го одработила својот настап веќе прикажан во стотина клубови низ САД, напиша адвокатот Мајкл Авенати на Твитер.

Според него, апсењето е политички мотивирано, што покажува дека спротивната страна е „очајна“.

„Ќе се бориме против лажните обвинувања“, истакна тој.

Се очекува глумицата набрзо да биде пуштена на слобода со кауција и дека ќе биде обвинета за помал прекршок.

Сторми Дениелс, со вистинско име Стефани Клифорд, сака по судски пат да го поништи договорот од 2016 година според кој за молчењето за врскатта со Трамп во 2006 година добила 130.000 долари.

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе

Тесла преку проектот Варденклиф покажал дека енергетските ресурси се неограничени.

повеќе