Поради објавената секс-снимка

Уапсен рускиот активист одговорен за политичкиот пад на кандидатот на Макрон

Во Франција е уапсен руски уметник и активист, одговорен за објавувањето на секс-снимката која доведе до повлекување на кандидатот од трката за градоначалник на Париз.

Француската полиција го уапси во Париз рускиот активист и уметник Пјотр Павленски, одговорен за објавувањето на видео-снимката со сексуална содржина, што доведе до повлекувањето од трката за градоначалник на париз на поранешниот портпарол на француската влада Бенжамен Гриво.

Меѓутоа, правосудни извори, на кои се повикуваат француските медиуми, велат дека апсењето на Павленски не е поврзано со снимката, туку дека против него се води истрага поради наводна тепачка во Париз на 31 декември и „немарно вршење насилство со помош на оружје“.

Павленски кажа дека ја објавил снимката за да го разоткрие она што го гледа како „лицемерие на политичарите“, пренесува Би-би-си.

Гриво пред три дена ненадејно се повлече од трката за градоначалник на Париз, откако на интернет протече компромитирачката видео-снимка.

По повлекувањето на Гриво, партијата на францускиот претседател Емануел Макрон остана без кандидат за градоначалник на локалните избори следниот месец, пренесува Асошиејтед прес.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе