Уапсен руски гувернер осомничен за убиство на неколку бизнисмени (ВИДЕО)

Руските безбедносни сили денес уапсија гувернер што на изборите во 2018 на рускиот далечен исток ја победи владејачката партија и го обвинија дека пред 15 години нарачал убиства на неколку бизнисмени.

EPA-EFE

Сергеј Фургал, гувернер на регионот Кабаровск, маскирани агенти го извлекоа од возилото и го бутнаа во комби, како што се гледа на снимката на Федералната служба за безбедност, руската верзија на ФБИ.

ФСБ соопшти дека набрзо ќе биде поднесено обвинение против Фургал.

Тој е осомничен дека од 2004 до 2005 година нарачал ликвидација на повеќе бизнисмени и ако биде прогласен за виновен може да добие доживотна казна затвор.

ФСБ не даде понатамошни детали на злосторствата, но потврди дека во врска со тој случај претходно биле уапсени четворица припадници на група за организиран криминал и дела лицата вмешани во убиствата дале докази против Фургал.

Фургал, член на Либерално демократската партија (ЛДПР) и поранешен пратеник, беше омилен во пацифичкиот регион каде власта ја освои во 2018, победувајќи ја партијата Обединета Русија на претседателот Владимир Путин.

Иако и ЛДПР го поддржува Путин, победата на Фургал се толкуваше како удар врз владејачката партија која цврсто ги држи руските региони.

Политичкиот аналитичар Абас Галијамов смета дека апсењето на Фургал е предупредување на опозициските партии кои на регионалните избори во септември ќе ѝ се спротивстават на владејачката партија.

Лидерот на ЛДПР Владимир Жириновски се закани дека неговата партија и сојузниците би можеле во знак на протест да излезат од парламентот.

„Ви го дадовме уставот, а вие ни ставате лисици“, кажа Жириновски.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе