Полицијата го опколила автомобилот и го извадила Кримо со кренати раце, според снимката на чикашкиот разгранок на Еј-би-си њуз. Кримо лежел на земја пред полицијата да го однесе во притвор. Ќе биде покренато обвинение, објави полицијата во Хајленд. Полицијата не го утврдила мотивот на пукањето.
Law enforcement currently circling and inspecting vehicle driven by person of interest, 22-yo Robert “Bobby” Crimo III
— Marissa Parra (@MarParNews) July 5, 2022
He’s now in custody related to #HighlandPark parade mass shooting that killed at least 6
LIVE NOW: https://t.co/vEMDs0BRQH | @cbschicago pic.twitter.com/kHdev8CGSy
Звучеше како огномет, рече пензионираниот лекар Ричард Кауфман, кој стоел на улицата наспроти местото од кое напаѓачот отворил оган, додавајќи дека слушнал околу 200 истрели. Дошло до метеж, стампедо, луѓето барале засолниште, некои и крвавеле, се сопнувале едни од други.
Повеќе од 36 лица се повредени, претежно со огнено оружје. 26 жртви на возраст од 8 до 85 години биле однесени во болницата во Хајленд Парк, изјавил лекарот за брза помош. Пронајдена е пушка на местото на настанот.
Американскиот претседател Џо Бајден и неговата сопруга Џил се шокирани од нечувствителното оружено насилство, кое повторно донесе тага во американската заедница на Денот на независноста. „Јас ѝ понудив целосна поддршка на федералната влада и ја повикав федералната полиција да помогне во итната потрага по убиецот“, додаде Бајден.
Тој се осврна на реформата на законодавниот дом поврзана со оружјето што неодамна ја потпиша, велејќи дека треба да се направи многу повеќе и додаде дека тој нема да се откаже од борбата против епидемијата на оружено насилство.
Пукањето се случи додека на многу Американци во мислите сè уште им беше масакрот на 24 мај, во кој загинаа 19 деца и двајца наставници во основното училиште во Увалде, Тексас, и нападот на 14 мај, во кој во супермаркет во Бафало во државата Њујорк беа убиени околу 10 лица.