Уапсен најбараниот човек во Германија, „призна дека е виновен“

Германскиот Шпигел објави дека уапсениот 20-годишник е осомничен за една од најголемите кражби на податоци во историјата на Германија, се изјасни за виновен, пренесе Ројтерс.

Се наведува дека иследникот од Сојузниот кабинет за борба против криминалот (БКА), кој се занимава со неговиот случај, рече дека осомничениот изјавил дека не бил свесен за размерот на последиците од своите постапки и дека засега нема индикации за каква било поврзаност со странски безбедносни служби.

Германските власти соопштија дека е притворен осомничениот за хакерскиот случај, што резултирало со објавување на приватни информации од стотици политичари и познати личности на интернет, вклучувајќи ја и канцеларка Ангела Меркел.

Полицијата го пребарала станот на осомничениот, лоциран во Хесе во централниот дел на Германија. Не се објавени повеќе детали, додека прес-конференција е планирана за подоцна во текот на денот.

Со ова објавување на податоци биле зафатени речиси 1.000 лица и во повеќето случаи се работи за објавување на основни информации за тоа како да се контактираат овие луѓе, но во некои 60 случаи се објавени повеќе лични податоци.

Во услови на партиска деполаризација на граѓаните, политичките елити во Македонија треба да пристапат кон помирување и ненасилно решавање на сите меѓусебни конфликти, за земјата да не се врати на патот на поделба.

повеќе

Помина веќе еден месец од објавувањето на документите на Викиликс на кои сите прочитавме дека Никола Димитров бил „заштитен извор на информации“ на САД. Засега, од обвинителството нема никаков одговор.

повеќе

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе