Нападот сексуално мотивиран

Уапсен маж осомничен за убиството на американската научничка на Крит

На Крит е уапсен осомничен за убиството на Сузан Итон (59), молекуларен биолог која работела во реномираниот Институт Макс Планк, јави Би-би-си.

Итон дошла на островот поради деловни причини, бидејќи таму се одржувала научна конференција. Таа исчезнала на 2 јули за време на своето вообичаено трчање.

Шест дена подоцна, нејзиното тело било пронајдено во бункер од Втората светска војна. Во полицискиот извештај е наведено дека таа била задушена и дека главен мотив за нападот бил сексуален напад.

Уапсениот е локален маж (27) и веќе го признал убиството, пренесуваат грчките медиуми. Според вестите од Крит, осомничениот е оженет човек и татко на две деца.

Нејзиното тело било пронајдено во североисточниот дел на островот, а го откриле двајца локални жители кои го истражувале бункерот кој всушност е систем тунели кои ги користеле нацистите за време на окупацијата на Крит во Втората светска војна.

Бункерот е оддалечен 10 километри од местото каде што последен пат била видена. Бидејќи се наоѓа во близина на пат, се претпоставува дека била убиена на друго место, и дека подоцна неговото тело било пренесено во бункерот.

Зад себе ги остави својот сопруг, британскиот научник Ентони Химан и двајца синови.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе