„Претседателот Трамп ме нарекува ултралевичарски радикал. Јас сум толку либерален што негови претставници ме замолија да бидам негов потпретседател. Љубезно ја одбив понудата“, наведе Кенеди на социјалната мрежа Икс.
Тој додаде дека е против Трамп, како и дека, според него, актуелните претседател Џо Бајден не може да победи на изборите.
„Изгледа дека претседателот Трамп знае кој всушност може да го победи“, напиша Кенеди.
Изборите за претседател на САД се закажани за 5 ноември, а истражувањата на јавното мислење покажуваат дека за Кенеди би гласале 9,5 отсто, за Бајден 39,2 отсто Американци, додека Трамп би имал поддршка од 41,5 отсто од гласачите.