Уапсен лидерот на американски десничари „Прауд бојс“, поддржувачите на Трамп

Лидерот на ултрадесничарската организација „Прауд бојс“ (Горди момци) Енрике Тарио е уапсен во Вашингтон поради палење на знаме на организацијата „Црните животи значат“ пред еден месец.

EPA-EFE

Тарио е обвинет дека минатиот месец намерно уништувал туѓ имот, соопшти полицијата на Вашингтон.

Извршителот на прекршокот наводно во декември признал дека запалил знаме симнато од една црква која ја посетуваат Афроамериканци, пренесе Би-би-си.

По повикот на актуелниот претседател на САД Доналд Трамп упатен до поддржувачите неделава да се соберат во Вашингтон, Тарио на социјалните мрежи објави дека „Прауд бојс ќе се соберат во рекорден број на 6 јануари“ во американската престолнина“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе