Уапсен кумот на Мило Ѓукановиќ

Бизнисменот Драган Брковиќ, неговите синови Борис и Бојан, како и извршниот директор на компанијата Вектра Милиќ Поповиќ се уапсени по налог на специјалното државно обвинителство на Црна Гора.

EPA-EFE

Тие се осомничени за кривични дела „злоупотреба на овластувања во стопанството“ и „перење пари“, пренесува подгорички Вијести.

Според досега собраните докази Брковиќ, кој е кум на претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, како и Поповиќ се осомничени дека преку компании во нивна сопственост за време на приватизацијата и реорганизацијата извршиле бројни малверзации, со штета од повеќе милиони евра.

Брковиќ е познат како „крал на стечаите“. Тој во ерата на приватизацијата стекнал бизнис империја – земал стотици милиони евра кредити и зазел стотици илјади квадрати земјиште, десетици илјади квадрати станбен и деловен простор, како и на повеќе државни фирми.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе