Украл и полициски автомобил

Уапсен крадец во Трст почнал да пука на полицајци, двајца загинати

Во полициската станица во Трст се убиени двајца полицајци, а четворица се повредени, пренесува Кориере дела сера.

Полицијата привела маж за кражба на скутер, а истиот го признал своето дело и апсењето поминало според протокол.

Меѓутоа, во полициската станица сторителот побарал дозвола да оди во тоалет.

Полицијата му дозволила и во еден момент тој им го зел пиштолот и почнал да пука.

Најпрво го убил човекот што го следел до тоалет, а потоа уште еден на патот кон излезот.

Потоа се обидел да избега со полициски автомобил, но успеале да го запрат.

Полицијата на Твитер изрази сочувство до семејствата, но и до сите полицајци и граѓани на Трст.

Убиените полицајци биле Перлуиџи Рота (34) и Матео Деменего (30), а напаѓач е Алехандро Сугусто Стефан Меран, граѓанин на Доминиканската Република.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе