Уапсен капетанот на јапонскиот брод од кој се излеа нафта во близина на Маурициус

Уапсен е капетанот на јапонскиот брод што предизвика излевање на нафта кај островот Маурициус, се дознава од полициски извор.

Фото: ЕПА

„Во вторникот ги уапсивме капетанот и неговиот заменик. Тие се изнесени пред суд врз основа на привремено обвинение. Истрагата продолжува во среда со сослушување на други членови на екипажот“, рече портпаролот на полицијата, Шива Котен.

Индиецот Сунил Кумар Нандешвар (58) е обвинет за опасна навигација.

Членовите на екипажот ѝ рекоа на полицијата дека на денот на несреќата на бродот била организирана роденденска забава. Според друга теорија, тој пловел во близина на брегот за да фати ви-фи сигнал.

Бродот се насука на коралниот гребен на 25 јули и од него се истурија 1.000 тони нафта, загрозувајќи ги коралите, рибите и другите облици на живот во морето. Научниците велат дека тоа до денес е најтешката еколошка катастрофа во земјата.

Поголемиот дел од нафтата од бродот е испумпана, но останале 166 тони нафта, па властите поставиле лебдечки бариери за да ја соберат нафта околу бродот.

Бродот за време на викендот се преполовил. а предниот дел е извлечен подалеку од коралите.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе