Уапсен е напаѓачот од трамвајот во Холандија (ВИДЕО)

Уапсен е мажот кој денес пукаше во трамвај во холандскиот град Утрехт, потврди холандската полиција, а пренесуваат агенциите.

Нападот се случи околу 10:45 часот, а убиени се три лица. Уште пет луѓе се ранети во пукањето.

Полициската потрага по напаѓачот траеше со часови.

Напаѓачот уште претходно беше идентификуван како 37-годишник со турско потекло Гекман Танис.

Точниот мотив за нападот сѐ уште не е познат.

Холандскиот јавен обвинител кажа дека мотивот за нападот во Утрехт може да се „семејни причини“.

Тоа претходно го јави и турската агенција Анадолија која јави дека Танис пукал во своја роднина од „семејни причини“, а потоа пукал и во другите кои ѝ притрчале на помош.

Полицијата најпрво објави дека се разгледува можниот терористички мотив за нападот, а подоцна беше соопштено дека се истражува и личниот мотив.

Како што јавуваат холандските медиуми, осомничениот има поголемо полициско досие и, меѓу другото, бил осуден и за обид за убиство. Во моментов е обвинет за силување.

Антитерористичката агенција НЦТВ наведе дека сѐ уште не е исклучено во заднината на нападот да стои тероризам.

Највисокото ниво на опасност од терористичка закана во покраината Утрехт беше укината по апсењето на Танис, а претходно беше повлечено и предупредувањето на граѓаните на Утрехт да не излегуваат од дома.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе