У2 против Трамп на Греми-наградите: „Благословени се посраните земји“ (ВИДЕО)

Бендот настапи на сплав со Статуата на слободата во заднината.

У2 во неделата го нападна претседателот Доналд Трамп во песна на темата отпор, која ја отпеаја на сплав со Статуата на слободата драматично исправена во заднината.

Во претходно снимениот сегмент, бендот ја изведе својата нова песна „Get Out Of Your Own Way“, во која фронтменот Боно пее:

Спротивстави се

Немој само да лежиш, мораш да возвратиш

Лицето на Слободата почнува да напукнува

Таа имаше план сè додека не ја плеснаа по уста

И сè пропадна.

На крајот од песната, Боно извади мегафон и рече: „Благословени се посраните земји, бидејќи ни го дадоа американскиот сон“. Трамп наводно ја употребил таа фраза за да го опише Хаити и некои африкански нации на состанок со пратениците, на кој се разговарало за имиграцијата.

У2 беа најавени од пејачката Камила Кабело, родена на Куба, која ја раскажа имиграционата приказна на своето семејство и ги повика гледачите да ги поддржат младите имигранти без документи, познати како „сонувачи“.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе